Оваа публикација е дел од серијата „Извештаи за спроведувањето на Реформската агенда“ – национални извештаи кои ја следат имплементацијата на реформските агенди како дел од Инструментот за реформи и раст (ИРР) за Западен Балкан, во рамките на проектот „Следење на реформите“.
Оценката на „Извештајот за спроведување на реформската агенда“ се фокусира на напредокот на земјата во спроведувањето на нејзините обврски од ИРР. Следењето се спроведува преку збир на процедурални, реформски и финансиски индикатори. Оваа активност ги следи реформските чекори со утврдени рокови, при што се оценува нивниот степен на исполнување врз основа на јавно достапни докази и официјална документација обезбедена од националните власти, а по потреба надополнета со информации од независни институции и од граѓанското општество. Хоризонтално внимание се посветува на учеството на засегнатите страни и на транспарентноста.
Следењето опфаќа реформи организирани во т.н. „домени на политики“, формирани преку кодирање на подрачјата во рамките на усогласените области на политики во Реформските агенди. Избраните политички домени, кои овозможуваат анализи на регионално ниво, вредносно оценување и меѓусебна споредливост, се потпираат на човечките ресурси и тематската експертиза на мрежата TEN.
За методолошките белешки и процесот на селекција на реформските чекори видете ja нацрт-методолошката белешкa на следниот линк.
Извештајот за спроведувањето на Реформската агенда е структуриран на следниов начин: „Клучните наоди и препораки“ нудат сумиран преглед на главните заклучоци, додека поглавјата „Правни и институционални аранжмани“ и „Барања и одобрување на средства“ го следат вкупниот напредок во процедуралните и финансиските аспекти на спроведувањето. Последниот дел, „Реформи во фокус: домени на политики во рамките на следењето на реформите“, ги презентира независните наоди од следењето на избраните реформи. Во секој од овие делови е содржан наративен преглед на напредокот и на предизвиците при имплементацијата на Реформската агенда.
Пресечниот рок за прибирање и проценка на податоците за овој извештај е 31.12.2025 година. Понатамошниот развој на политиките може да го смени статусот на реформите што во моментов се во тек и тоа ќе биде дел од следните извештаи.
Извештаите од следењето не претставуваат замена за формалната оценка од страна на Европската комисија.
RA_Update-Reform-Monitor_2nd-Semester-2025_North-Macedonia_mk





