Во оваа епизода на Reform and Monitor поткастот, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ги споделува достигнувањата и предизвиците во дигиталната трансформација на Северна Македонија, со фокус на Реформската агенда и имплементацијата на новите закони и системи.
Во разговорот министерот ги споделува и искуствата во остварувањето на реформските мерки, инфраструктурата и соработката со приватниот сектор, невладиниот сектор и ЕУ.