Повик за изразување интерес за приклучување кон Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027 (НКМ-РА) на Северна Македонија Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) како координатор на регионалниот проект „Следење реформи и раст во Западен Балкан“ кој се спроведува во партнерство со партнерите од мрежата „Мисли за Европа“ (Think for Europe Network (TEN)), ги повикува сите заинтересирани граѓански организации (ГО), стопански комори, социјални партнери, академската заедница и други засегнати чинители во Северна Македонија да го изразат својот интерес за учество во Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027 (НКМ-РА).
Што е НКМ–РА?
НКМ-РА е национална консултативна плаформа што овозможува структуиран, инклузивен дијалог, заснован врз докази помеѓу јавните институции, ГО, стопанските комори, академската заедница, и други засегнати чинители, за спроведувањето и следењето на Реформската агенда 2024-2027 во Северна Македонија во рамки на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан на Европската Унија. Платформата е координирана од ЕПИ, а поддржана од Министерството за европски прашања, институцијата која ги координира сите активности поврзани со спроведувањето на Реформската агенда во земјата, врз основа на потпишан Меморандум за соработка со цел да се обезбеди структуриран дијалог и транспарентност, во согласност со нагласокот на Европската комисија за вклучување на граѓанските организации во реформските процеси. Кој може да се приклучи во НКМ-РА? НКМ-РА е платформа отворена за сите невладини чинители со искуство или интерес за следење на Планот за раст, Реформската агенда и/или процесите на ЕУ интеграцијата. Од учесниците во консултативниот механизам се очекува конструктивен придонес и почитување на принципите на инклузивност, транспарентност и дијалог заснован врз докази.
Зошто да се приклучите на НКМ–РА?
НКМ–РА обезбедува простор за конструктивна соработка помеѓу државни органи и останати засегнати чинители, овозможувајќи им на членовите да придонесат кон следење засновано на докази и дискусии за реформи, како и да влијаат врз спроведувањето на Планот за раст за ЗБ . Специфично, платформата ќе:
● Овозможи консултации засновани на податоци и алатки за следење;
● Поттикне меѓусекторска соработка помеѓу различни нивоа на владеење;
● Понуди можност за градење на капацитети и поддршка за застапување;
● Промовира транспарентност и отчетност преку објавување извештаи од состаноци и повратни информации од засегнати чинители.
Како да се приклучите?
Доколку Вашата организација сака да се приклучи во НКМ-РА, Ве замолуваме да го
пополните формуларот достапен на следниот линк:
Следни чекори
По завршувањето на процесот на изразување на интерес преку пополнување на формуларот погоре, ЕПИ ќе ја организира првата консултативна средба на НКМ–РА и ќе ја достави финалната верзија на Концепт-документот за НКМ–РА во која ќе ги вклучи коментарите од засегнатите чинители. Средбите ќе се реализираат двапати годишно преку хибридни состаноци со вклучување на членовите преку редовни консултативни сесии, активности за градење на капацитети и можности за доделување на мали грантови во рамки на проектот.

